Sunday, November 30, 2014

Артикулирање на сопствените идеи за создавање сопствен бизнис на Codecamp 2014

 Секогаш е добро кога ќе се најдеш во круг на луѓе што припаѓаат на заедница на која припаѓаш и ти.

Вчера беше еден од тие денови, CODE CAMP 2014

По малку и ми е криво што неможев да ги следам во живо сесиите „Fifty shades of excellence in software development“ на секогаш одлично спремниот презентер Дејан Димитровски, „The future of Web and how Microsoft contributes towards it“ на фантастичниот Хајан Селмани, „Being an IT Consultat“, „“DevOps World” – Control Release and Post-Release Pipeline !“, па и онаа сесија за C# 6.0.
Морав да посветам време во саботата за да се подготвам за мојата сесија. (Кој не си ја завршил работата на време, ќе мора да работи во Сабота на 29.Ноември, наместо да ужива)

И оваа година на мое големо задоволство организаторот на настанот (раководното тело на .NET User Group-ата од Македонија) ја прифати мојата тема, па јас имав шанси да зборувам за нешто што ми е еден од интересите последните година, две, а тоа е артикулирање на бизнис идеите. (честитки за организацијата дечки)

Би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на посетителите на сесијата на која бев говорник.

Презентацијата може да ја превземете овде.

Следат клучните точки од сесијата:

Артикулирање на сопствените идеи за создавање сопствен бизнис - Едиција за софтверски инженери

Зошто најчесто плановите за производ / сервис не успеваат?
Затоа што се трошат ресурсите пред да се најде вистинкиот деловен модел што функционира.

Ти, инвеститорот и клиентот
Инженерските профили обично заглавуваат со техничкото решени, а ниту инвеститорот ниту клиентот не го интересира колку нови технологии се користени и колку тоа добро е организиран кодот.


Инвеститорот, го интересира кога и дали ќе може да си ги врати парите што ги инвестирал и колку профит може да направи. Клучни точки за да дојде до овој заклучок се:
  • колкав е пазарот за поизводот
  • од каде ќе доаѓаат парите
  • како ќе се оствари предност пред конкуренцијата
  • кои се метриките на успех преку кои ќе може да се следи исполнувањето на деловниот модел
Клиентот, го интересира да си го реши својот проблем, затоа тој купива некаков производ/услуга. Еве што примарно го интересира клиентот:
  • Специфично решение за неговиот проблем
  • Колку пари чини решението
Деловен модел наспроти деловен план

  • Создавањето деловен план обично трае со недели, можеби месеци.
  • Не постои идеален план, особено не што ќе го направиш и документираш како план бр.1 за да можеш да го реализираш и да имаш успешен производ
  • Скицирај ја идејата на една страна со најклучните точки. Многу полесно и побрзо се следи, се споделува и се разбира.


Основен процес за разработување на идејата
  • Документирај го модел 1
    Ова би требало да трае не повеќе од неколку часа, евентуално неколку дена.
  • Идентификувај ги најголемите ризици (клучните цели)
    Секогаш е важно да ги приоретизираш активностите што треба да се превземат. Оние најризичните за моделот треба да бидат први во листата активности
  • Тестирај ги хипотезите дефинирани во моделот
    Она што е дефинирано во моделот треба да се провери и да се потврди. Тоа не се прави сам со себе пред компјутер или пред табла за пишување со тимот од 2-3-ца луѓе. Тоа се прави надвор, во комуникација со многу други луѓе.
    По тестирање на хипотезите преку различни експерименти, ажурирај го моделот соодветно.

Ова претставува основниот процес на создавање модел што функционира: скицирај каква идаја имаш, идентификувај што е најважно за моментот, провери го тоа што си го дефинирал преку експерименти. Се ова треба да се случува во релативно краток временски период (денови или недели).

Клучни предизвици при креирање на модел 1
  1. Дефинирање на метрики за успешност
  2. Фокус на првите клиенти (Early Adopters)
  3. За една идеја добро е да се има повеќе различни модели
  4. Специфицирање на конкретни проблеми, не апстрактни
  5. Размислувај за предностите (Unfair advantages)
  6. Создавање специфично решение што можеш да го понудиш
  7. Снемување ресурси пред да се идентификува успешен модел
  8. Немање канали за комуникација со клиенти
  9. Хоби наспроти Бизнис
  10. Вљубување во своето решение
 

1 comment:

Unknown said...

Здраво моето име е nakisha Сакам сите да ми се придружите за да му се заблагодарам на овој човек за враќање на мојот дом со мојот екс-сопруг кој ми ја отфрли за друга жена 5 години. Отпрвин никогаш не верував дека ДР ОГУДУГУ ќе може да ми помогне да ја вратам мојата ЕХ-ХУСБАНД од оваа друга жена, но бидејќи сè уште го сакам и му треба во мојот живот .. работам и следам настава на DR OGUDUGU и ме изненади што по 3 Денови на фрлање на магија и работа со ДР ОГУДУГУ, мојот ЕХ-ХУСБАНД ме повика да простам и да заборавам на сè што ми направи за мене дека сè уште ме сака ... сега јас и мојот сопруг се полни заедно и ние сме многу среќен со нашиот нов живот ... сите благодарение на ДР ОГУДУГУ за одличната работа што ја има направено за мене .. ветувам дека секогаш ќе ја споделам неговата добра работа со целиот широк свет и ако некое тело е надвор, поминува низ какви било тешкотии во врска љубезно контактирајте го преку е-пошта: drogudugusolutionspell@gmail.com
Тој, исто така, специјализираат за следните проблеми
(1) Ако сакате вашиот екс назад.
(2) ако секогаш имате лоши соништа.
(3) Сакате да бидете промовирани во вашата канцеларија.
(4) Сакате жени / мажи да трчаат по вас.
(5) Ако сакате дете
(6) Сакате да бидете богати.
(7) Сакате да го врзувате вашиот сопруг / жена да биде
твое засекогаш.
(8) Ако ви треба финансиска помош.
(9) Хербална заштита.
 контактирајте го DR OGUDUGU преку неговата е-пошта за вкупно решение drogudugusolutionspell@gmail.com