Friday, August 8, 2014

Аполонија Мармаладова

Еден расказ „Аполонија Мармаладова“ од лектира за трето одделение.

книга: Приказни по телефон
автор: Џани Родери

 
Во Сант Антонио, на езерото Маџоре, живеела една женичка која толку убаво умеела да прави мармалад, што нејзината услуга ја барале и во Валкувија и во Валтравија и од Вал Дументина и од Вал Поверина.

За време на сезоната луѓето доаѓале од сите долини, седнувале на оградата да му се љубуваат на езерото, си откинувале по некоја малина од грмушките и ја викале женичката која умеела да прави мармалад.
  • Аполонија!
  • Што има?
  • Ќе ми сварите ли мармалад од боровинки?
  • На драго срце.
  • Ќе ми сварите ли мармалад од црни сливи?
  • Веднаш.
Таа женичка, Аполонија, имала просто златни раце и правела највкусни мармалади во областа на Верезе и на Кантона Тичино.
  • Аполонија, ќе ми направите ли мармалад?
  • Од ежиња?
Еднаш кај неа тошла една жена од Аркумеџа, толку сиромашна што за мармалад немала дури ни ќесе со кајсии и затоа патем си го наполнила скутот со зелени костени, што прилегале на ежиња.
  • Немам друго...
  • Добро, ќе се обидам.
И Аполонија така се зафатила што од зелените костени направила чудесен мармалад.
Другпат таа женичка од Аркумеџа не нашла дури ни костени, зашто паѓајќи, сувите лисја ги покриле. Затоа пристигнала со полн скутник коприви.
  • Аполонија, ќе ми направите ли мармалад?
  • Од коприви?
  • Не најдов друго...
  • Ех, добро, ќе видиме што ќе излезе.
И Аполонија ги зела копривите, ставила шеќер, ги сварила како што знаела и направила таков мармалад, да си ги лижеш прстите.
Зашто таа женичка, Аполонија, имала златни раце и би можела да направи мармалад и од камења.
Еднаш оттаму минал императорот, па и тој побарал да го проба мармаладот на Аполоноја. Таа му подала една чинија, но императорот по првата лажица се намуртил, зашто внатре била падната една мува.

  • Ме одвраќа – рекол императорот.
  • Ако не е вкусен мармаладот, мувата немаше да падне внатре – рекла Аполонија.

Но  императорот веќе се разгневил и им заповедал на војниците да ѝ ги пресечат рацете на Аполонија.
Тогаш луѓето се побуниле и порачале да му кажат, ако ѝ ги пресечат рацете на Аполонија, тие ќе му ја пресечат круната заедно со главата, зашто императорски глави се наоѓаат под пат и над пат, но раце како на Аполонија, поскапи се и поретки.
И императорот требало да ги обере крушите...

No comments: