Wednesday, June 18, 2014

Аудио миксање кај локалните и националните телевизии

Незнам за тебе, ама мене ужасно ми смета разликата во гласноста на аудио сигналот помеѓу емисија и рекламен блок.
Има ли некој што се грижи за ова во телевизииве, односно има ли некој што го нивелира волуменот на звукот за да ги доведе до приближно иста гласност емисиите на телевизииве?

Обично рекламите се изјачани до максимум, а остатокот од програмата е тивок, па со далечинското сум како пред стариот добар флипер кога ја играм атлетиката "Hyper Olympics".
Има ли диџеи во телевизииве што ги миксаат аудио каналите на видео секвенците за да нема голема разлика во гласноста?

Over & Out

No comments: