Saturday, August 3, 2013

Конечно, Unplugged-от на Нокаут од 2007-ма спакуван во ЦД производ

Нокаут - Unplugged : Live Skopje MOB 2007
Вчера, Илинден 02.Јули.2013 на пауза по ручекот го вклучив телевизорот за да разберам што има актуелно преку вестите на некоја од локалните телевизии.

- Општо големо славење со соодветна храна и пиење;
- Македонскиот политички корпус го потсетува обичниот народ за што загинал Питу Гули и неговите пајташи и кои се вистинските вредности за чување и градење на државата (Македонија до Египет);
- Политички претставници од албанскиот електорат на голем празник за македонската држава не истакнуваат македонски знамиња во провинциите во кои имаат локална власт (каква ли порака имаат за нас Македонците но и за другите граѓани што сакаат да живеат нормално во Македонија);
- Македонската дијаспора е константна, ќе даде 10 единици девизи (за букет непарен број рози купен преку Интернет за да честита свадба на братучет што живее во Битола), а Македонија му е во срцето и дефинитивно е решен дека сака да биде закопан во родниот крај, па кога ќе си реши да си умре, ќе се врати. Оние пак што ги понел говорот пред толпата што врти оро на собиранката по повод празникот, го опоменуваат светот дека нетреба да не лутат, за да не ги вратиме гемиџиите на сцена, па да види после регионот;

Го исклучив телевизорот.

На овој ден, Илинден, јас би сакал со тебе да споделам убава информација.
Нокаут конечно има старо-нов производ! Се работи за песни интерпретирани во анплагд (unplugged) верзија во 2007-ма година во просторот на Македонската опера и балет, а настанот го снимаше МТВ.

Ви текнува? Верувам дека ви текнува за кој настан пишувам. Тринаесет песни од тој настан во аудио формат се снимени на ЦД со вкусно направена обвивка.

ЦД-то ќе се најде во продажба месецов (Август 2013).

Еве го списокот на песни што се на ЦД-то:

#ТракаВреметраење
1Поинаку4:32
2Мене ми припаѓаш4:13
3Временска машина4:19
4Ти си проблем4:00
5ТВ Радио4:40
6Шесто сетило5:00
7Тишина4:56
8Од нас зависи4:14
9Би се викал те сакам4:09
10Лебедот бел5:18
11Бестрага6:27
12Диши длабоко5:59
13Илјада причини за крај8:24

Додека го чекаме времето за пушка во рака да дојде (тоа е некаков временски циклус што се случува, особено на овие, нашиве простори - се надевам дека барем ова столетие е некое престапно за споменатиот контекст) предлагам да креираме „кирилична содржина” во стилот на манифест што ќе повика на единство, мир и заедничка борба за нормален, удобен, па и луксузен живот на граѓаните во Македонија.
Јас ќе си го купам овој „манифест”. Не, лажам! Јас веќе го имам, ама ќе го купам и ќе го подарам на некој што ги сака Нокаут.

Почитуван читателу,
нека ни е честит празникот Илинден и
секоја му чест на Питу Гули и на неговата чета. Неговото потомство, ако го има, треба да се гордее со него.

Останати текстови на тема: Нокаут

П.С. Во оваа прилика поздрав до Duo Scupi и браво за нивното ЦД „Мак Саундс” (Mak Sounds) и особена почит за дуото Мехмети поради посветата што ја носи овој производ.

No comments: