Saturday, June 8, 2013

Фото галерија (зад камерите) од снимањето на видео спотот за песната „Запомни, тоа е сè што имаме” од Нокаут

Нокаут на снимање на видео спотот за песната:
„Запомни, тоа е се што имаме”
Во текот на вчерашниот ден, од рано наутро до доцните вечерни часови или подобро да напишам, до раните утрински часови, ама следниот ден т.е. денес, Нокаут снимаше видео спот за нивната песна „Запомни тоа е сè што имаме”.

Многу ми е драго што имав прилика да фотографирам на вчерашното снимање. За тоа овозможено задоволство им благодарам и на Нокаут и на сите учесници во создавањето на видео материјалот за спотот.

Во оваа прилика би сакал да споделам дел од мојата фото галерија од овој настан. Спотот се снимаше на неколку локации. Јас посетив само една од локациите на која се снимаа три различни сцени. (локација: црква Архангел Михаиил)
ВИДЕО ИДЕ! АКЦИЈА!
Вчерашниот ден за мене беше инспиративен. Успеав да направам скоро 900 фотографии, а неколку од фотографиите може да ги видите овде.

Со нетрпение очекувам да го видам спотот стокмен.

Денеска (Сабота 08.Јуни.2013) со почеток на полноќ, односно со почеток на новиот ден (Недела 09.Јуни.2013), ќе започне и концертот на Нокаут во Колосеум. Оваа последна (до моментот на пишување на овој текст) песна на Нокаут треба да биде изведена на концертот. Одам таму да уживам, а и да направам некоја фотографија и од овој настан.

Over & Out,

No comments: