Thursday, May 9, 2013

Заливот на Коските на Охридско Езеро

Прекрасно место на брегот на Охридското Езеро, веднаш до кампот „Градиште”.
Има многу ресурси за оваа локација на кои може да се прочита по нешто, а и да се видат фотографии. (фото галерија, локација и куса информација, за проектот и локалитетот)

Деталите за проектот ги има овде во форма на PDF документ. Научете малку за локалитетот и проектот, па во ситуација во која ќе имате гостин странец и ќе треба или ќе сакате да му покажете нешто специфично за охридскиот регион, може да прошетате до Музејот на Вода/ Заливот на Коските/ Наколна населба и да му ја раскажете приказната за оваа локација на наша територија.

Реконструкција на наколната населба во
Заливот на Коските од доцното
бронзено време и на почетоците од
железното време
(од 1500 до 700 година пред хрисотвата ера)
Јас би сакал да ја споделам мојата галерија фотографии направени на 05.Мај.2013 и би сакал да дадам препорака за да го посетите Заливот на Коските доколку сте во Охрид или во негова близина.
Ако барате малку мир, извонредна природа или имате желба да добиете претстава како некои далечни предци на човечкиот род живееле и се штителе од заканите на природата и други животински видови, а најверојатно и од други племиња, Музејот на Вода е местото за Вас.

Кога бев последниот пат таму (почеток на Мај 2013) си купив еден каталог со фотографии од дното што веројатно нуркачкиот тим од проектот ги имаат направено.

Следат неколку фотографии од каталогот. За да не биде ова критика на нешто што одговорните се потрудиле да го направат како рекламен материјал за локалитетот и за неговата промоција, ќе напишам што мене ми недостасува во овој каталог со фотографии. (Овој каталог ме чинеше 300 денари, а има неколку книги што може да се набават на лице место, како и неколку реконструкции на керамички предмети што се пронајдени на дното при истражувањата)

Мене ми недостасуваа барем технички податоци во пишана форма за фотографиите што тој ги содржи, за да знам што е тоа што го гледам. (Пример: Има фотографии од дното на езерото во која се гледаат трупци / колови во земјата. Мене би ми значело, а верувам и на секој оној што ќе посака да однесе дома некаков документ од овој локалитет, да има еден пасус покрај фотографијата во кој ќе пишува колку колци се претпоставува дека имала населбата, колку се пронајдени, на која длабочина се тие сега, на која длабочина биле тогаш според истражувањето и евентуално каква техника имале луѓето на нивно забивање во водена површина)

Ако во каталогот воведното четиво
е и на англиски, мислам дека е добро
и насловната да има и англиски превод
Ми се допаѓа што има и превод на
Англиски јазик
Ми недостасува информација за тоа
што го гледам. Што е тоа што го гледам
на овие две фотографии?
 Ако ова е локацијата пред да почне
реконструкцијата на локалитетот,
би сакал да видам како тој изгледа
по неговата реконструкција
Какви се овие предмети? Од кога се?
На која точно локација се најдени?
За што служеле, на која длабочина
се најдени? Од што се направени?
Ако каталогот се однесува многу
повеќе на проектот, а не на историјата
за локалитетот и тоа што е пронајдено,
тогаш како и кој прв открил за ова?
Очигледно дека ова е тимот нуркачи,
јас го препознавам само последниот
од најдолниот ред (човекот што носи
Во ред е информација за тоа кој што
правел околу документот, но не
тоа да е пола од текстуалната
содржина. Таму каде што таа
навистина треба за да ја објасни
суштината, изостанува.

Се надевам дека текстот ќе стигне до некој што има можност да направи корекција на документот за кој пишував и дека моите забелешки ќе ги разбере добронамерно бидејќи навистина и за такви се пишувани и ќе направи негова ревизија со цел тој да биде подобар и покорисен за секој добронамерник што сака да го потсетува нешто на локацијата и кога е далеку од локалитетот.

За крај еве и две видеа снимени од нуркачи на локацијата: видео 1, видео 2

Over & Out

П.С. Еве една конкретна имплементација на граѓанскиот концепт во сегментот на музичката улична суб-култура. РЕСПЕКТ ГЕТО ВИЈАТНАМСКО!

No comments: