Thursday, March 14, 2013

На што прво ви текнува кога ќе ви кажам црн бибер?

Не ми се верува дека некој нема да го препознае производот што е спакуван во амбалажата што е на сликата лево од текстов.
Многу интересна графичка илустрација на амбалажата од црниот бибер на Витаминка Прилеп. Оваа амбалажа е таква откако помнам за себе и не ми пречи, ама се прашувам зошто ли има црнче како илустрација!? В-) Демек, црнчето треба да асоцира на биберот што е црн? Се прашувам доколку во прашкасти производи имаа производ бел бибер што ќе имаше како илустрација, гринго!? В-)

Не одам понатаму во размислувањето и асоцијациите на биберот и илустрацијата на црниот бибер од Витаминка додека пишувам, а ми текнуваат некои интересни за кои некој може да ме обвини за расизам. Наместо тоа, се обидувам да побарам повеќе информации за црниот бибер, неговото потекло и значење за да направам некаква поинаква и пологична врска, наспроти моите морбидни што ги имам, за кои нема да пишувам. Јок, не иде!

Здраво татковино! Кажи ми како си!?

Over & Out,

П.С. Текст на истата тема на блогот Евангелина.

3 comments:

Anonymous said...

Negritos ? биле првобитните жители на Југоисточна Азија и во превод би било ,,малку црн народ,, самата слика укажува на црна коса, но лицето е кафеавкасто темно . https://en.wikipedia.org/wiki/File:Le_livre_des_merveilles_de_Marco_Polo-pepper.jpg

Anonymous said...

Пред година ипол пишував за истото тоа на мојот блог http://evangelina.blog.mk/2011/10/13/govor-na-omraza-govorna-omraza/

Anonymous said...

Грингото беше добро посебно од боровница,чинам беше на Витаминка Прилеп....а јас цело време мислев дека најверојатно го увезуваат црниов бибер од таму ...некаде каде има црна раса.Поучно ЧД