Saturday, March 2, 2013

100% Фудбал

Во четвртокот (28.Февруари.2013) Фудбалската федерација на Македонија ја промовираше кампањата именувана како 100% фудбал. Кампањата има за цел да промовира почит кон фудбалската игра но и кампања против насилството во фудбалот.

По последниот натреват на националниот состав што беше одигран против Данса, имаше многу реакции и незадоволства и од домашната јавност, но и од фудбалерите, особено од оние со албанска етничка припадност кои го изразија незадоволството од навредливиот однос што го имаат дел од навивачките групи.

Во кампањата се вклучени и неколку фудбалери што треба да го пренесат ставот за почит кон играта, и спротивставување на насилството. Еден од фудбалерите учесник во кампањата е и Остоја Стјепановиќ (најдобар фудбалер за 2012 година од домашното првенство).

Да се вклучиме сите во оваа иницијатива, ако не повеќе барем со долично однесување на натреварите што ги посетуваме.

No comments: