Tuesday, February 26, 2013

Бидете внимателни во комуникацијата со розевата Т фамилија

Чувајте се од сите тие насмеани пиксели ставени во розева рамка по медиумите! Позади розевата симболика на безусловна љубов, што ни најмалку не се однесува на нејзините корисници, стои аждаја со матичен број од шест цифри од која треба да се чувате.

Веројатно не соопштив ништо ново, но испровоциран од последната акција на T-Home сакав да предупредам, односно да споделам дополминтени информации за да внимавате во конкретнава ситуација.


СЦЕНАРИО: Уживајте во MAX SPORT+ и HBO, еден(1) месец бесплатно - реална едиција

  • Не е никаков проблем да го вклучите и ќе ви го вклучат веднаш.
  • Доколку го вклучите овој пакет, сметајте дека доколку не се јавите да го откажете, ќе треба да го користите цела година, но овој пат според комерцијалните услови, се разбира.
  • Доколку сте го вклучиле и сакате да го исклучите во меѓувреме додека трае дарежливоста на розевиот, ќе разберете дека нема да може веднаш да го направите тоа, туку дури на последниот ден кога овој тројански коњ завршува. Можноста да заборавите, некој да не ви крене на слушалица од операторите тој ден и сите останати сценарија што ќе ве спречат да ја исклучите оваа можност (легитимни и нелегитимни), ќе ве чинат една година претплата на овој пакет, сакале вие или не.
  • Доколку сакате да го откажете и им се јавите, нема да сакаат да ви го прифатат во моментот на јавување, туку само на последниот ден од истекот на денот на гратисот.
    Искуството дома е преку сценарио во кое се обидов ова да го направам преку нивната телефонска поддршка (тел. 171), па добив и некакви небулозни оправдувања, дека системот не им дозволувал, безобразни предвремени заблагодарувања и затворање слушалка од операторот и недослушување на моето барање.
  • Доколку сакате да го откажете овој гратис месец од споменатите пакети и операторите ви кажат да се јавите последниот ден, не застанувајте тука, барајте претпоставен.
  • Доколку тој не ви го реши проблемот, одете директно во некој од продажните салони и ќе поднесете писмено барање за исклучување на пакетот во две копии на кои ќе се потпише претставникот од T фамилијата и една потпишана копија ќе си ја земете. (и помолете се на што и да верувате, дека нема да треба со овој розев невинправен субјект да одите на суд ако евентуално решите да се докажувате дека вие сте откажале услуга, а таа сепак ви била наплатена)
  • Потоа проверете дали службеникот од Т-Home регистирал барање за исклучување (тој ова може да го направи за помалку од 5 мин.) во нивниот електронски систем на тој начин што ќе се јавите на телефонскиот број 171 и ќе прашате дали има некакво барање поднесено од фиксниот телефонски број што е врзан за услугата што ја користите и за телевизиски канали на T-Home.
  • Мислам дека е добро и по регистирање барање за исклучување во нивниот систем, да проверите дали ова стварно ќе се случи на дента кога треба да заврши гратис уживањето со овој пакет.

Ако овој гратис и таквите како него, навистина мислите дека вредат за времето што треба да го изгубите за да го откажете и да не заглавите потоа со една година плаќање за нешто за што знаете дека не ви е потребно(или можеби да плаќате пенали за откажување не во предвидениот рок) или не сте сакале да го имате уште една година по неговото завршување, нека ви е на здравје.

Ако истото тоа време сакате да го потрошите на нешто многу поквалитетно, дозволете ми да ви го препорачам релативно новиот музички албум Beats and Ornaments Inside Macedonia од Fin Project, па преслушајте што успеала да направи една домашна екипа на чело со Никола Стојковски.

Over & Out,
Бесмртниот

P.S. Чак Раган (Chuck Ragan) Nomad By Fate

No comments: