Thursday, February 28, 2013

ATARI !!!


Компанија креирана во 1972 година со примарен фокус на креирање аркадни игри, конзоли за видео игри и домашни сметачи(компјутери). Ми текнува, во 1984/85 година кога прв пат во животот видов една од конзолите за играње кај тогашното школско другарче, а денес еден од моите најблиски пријатели. Татко му ја беше донел од Кувајт, ако не се лажам. Таа имаше четири вградени игри меѓу кои е и легендарната Pong. (Кој не ја играл, може да ја проба овде). Каква фасцинација беше тоа, неможам да ви опишам.
Atari Inc., онаа првата, е затворена во 1984-та година поради нешто што и денеска е многу модерно, а го слушаме веќе неколку години наназад и до кое референцираме со терминот рецесија. Во тоа време и во контекстот на индустријата на видео игри што Атари ја развива со голема успешност, референцата рецесија била именувана како North American video game crash.
Атари (Atari) во некаква форма живее и денес (Февриари 2013) со сите проблеми што ги има.

За оној Атари од седумдести и почетокот на осумдести години од минатиот век раскажуваат дел од инженерите што работеле таму, во документарецот Once Upon AtariОдлични искуства што ги споделуваат инженерите од Атари за тоа како се работело, каков успех имал Атари, но и за некои вообичаени, не толку пријатни искуства во корпоративни средини и покрај тоа што очигледно Атари била невообичаена и уникатна средина за работа. (можеби некаква слична форма на начин на работа што еволуирала низ годините, а што денес јавноста ја препознава кај Google).
www.ponggame.org
Документарецот може да го погледнете на следниве линкови:
Доколку пак сте расположени за слушање на историјата за Атари од еден од двајцата основачи на Atari Inc Nolan Bushnell, погледнете го ова видео. (околу 1час и 30 мин)

Некаде во 1987/88 добив на поклон од најдрагите особи во мојот живот Atari 800XE. Во тој период Комодоре 64 (Commodore 64) беше многу повеќе популарен и распростанет кај нас, во Македонија. Ние со Атари-њата се броевме на прсти. Се баравме за да може да размениме некоја игра што сме ја порачале од Белград, Загреб или од некое друго место во белиот свет. Таа заедница во тој период беше мала, но одлично соработуваше. Барајќи нови игрици за мојот Атари, налетав и на еден од моите најдобри пријатели што ги имам и денес.

Атари денес, Февруари 2013 година, се наоѓа во некое не баш едноставно сценарио во кое се споменува стечајна постапка, позајмици, откачување на дел од компаниите на холдингот од родител компанијата. (откачување од родител компанијата Atari SA, воспоставена во Франција)

Атари денес за сите оние што ги сакаат аркадните игри и нивниот развој нуди AtariArcade SDK (Software Development Kit) што потпомага во креирање видео игри со HTML 5. Доколку креирате игра и сакате да ја споделите со јавноста, тоа ќе може да го направите преку Atari Arcade сервисот. Во тој контекст, еве еден пример од легендарната Missile Commander за викенд играње сценарио, освежена и игрива во интернет прелистувач (Internet Browser).

Па, пријатен викенд! Boy - Stereo MC's

Over & Out,

P.S. www.meettheboss.tv - Интервјуа со познати фаци од светската деловна заедница.

No comments: