Sunday, July 15, 2012

Нокаут гости на концертот на Duran Duran во Скопје


Ако во Декември минатата година (2011) бев „нокаутирани пријатно изненаден од квалитетот на концертот (организацијата, како изгледаше сцената и како звучеше бендот), овој пат знаев што да очекувам, а тоа е одличен настап. Ова мое очекување го потврдија Нокаут кои беа гости / предгрупа на Дуран Дуран (Duran Duran) на нивниот концерт во Скопје на 07.Јули.2012. Организацијата исто така одлична (Авалон продукција).
Мене лично многу ми се допадна изборот на песни (репертоарот) и промените во аранжманите, веројатно подготвувани специјално за настанот.

Песната со која го отворија настапот беше ТВ Радио, една од моите омилени песни.
Еве и снимка од мојот мобилен телефон што е прилочно лоша, за што ти се извинувам, особено за лошиот звук. Не верувам дека било кој input audio device ќе уснимеше нешто подобро со оглед на тоа колку блиску бев до звучниците што грмеа. (добро е што воопшто слушам после настанот)

ТВ Радио - настап како предгрупа на концертот на Duran Duran во Скопје

Без премногу комплицирање и држење говори и најави, сепак беа гости на Дуран Дуран, продолжија со изведување на веќе познати песни. Некои од нив понови, некои постари. Она што мене ми остави впечаток по отварањето на концертот со ТВ Радио е аранжманот на  песната „1000 причини за крај”, многи интересен и различен од оние аранжмани за оваа песна што јас ги имав слушнато до тогаш.
Да бидам искрен јас никогаш нешто посебно во мојата младост не сум ги слушал Дуран Дуран. Да небеа Нокаут предгрупа, веројатно и немаше да одам. Сепак, беше одлично да се слушнат песни од пред триесетина години кои веројатно постојат многу малку луѓе на планетава што ја сакаат музиката а што не ги знаат и незнаат да ги пеат барем нивните рефрени.
Верувам како и на многу посетители, а ги имаше многу (неколку илјади сигурно), го задоволија и мојот вкус, а бев скоро разочаран дека нема да ја изведат Girls on films. Си заминаа од сцената без да ја отсвират, ама кога се вратија на единствениот бис, ја изведоа и оваа песна, а и Rio. Така што, правдата беше задоволена. В-)

По концерот старата чаршија се наполни како да е 12:00 часот попладне во некои дамнешни времиња. Мојот соборец” Уметникот одамна ме убедува дека Турист има подобар ќебап од Дестан и ете, од вечерта кога Нокаут беа гости на концертот на Дуран Дуран му признавам. После дваесетина мерења во серија на ќебапот во Турист, можам да потврдам дека тој има подобар ќебап, барем според мојот вкус.

Saturday, July 14, 2012

Се откажувам од Chuck D, мојот музички идол од детството

Face of Freedom
Јас сум згрозен, шокиран и трауматизиран од овој призор.
Во каква ли криза западнал овој бунтовник без пауза од касните осумдести и раните деведесети на минатиот век, да треба да соработува или да и помага за да се пробие, сеедно, на девојчево Tijana bASS? Овој почитуван политички активист со пораки и иницијативи пренесени преку hip hop-от и со појави во историјат како fight the power, Shut'em Down, 911 (Is A Joke) и Bring the noise, да потклекне на вагинална манипулација?
Овој пат ја прифаќам традицијата на нашите постари, за да го изразам своето незадоволство со јавно откажување од Chuck D преку овој пост, па иде вака...
ЧАК! ЈАВНО СЕ ОТКАЖУВАМ ОД ТЕБЕ КАКО ОД МОЈА МУЗИЧКА ИКОНА ОД МОИТЕ ТИНЕЈЏЕРСКИ ДЕНОВИ И ИДОЛОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ СИЛАТА И ВОСПОСТАВУАВЊЕ БАЛАНС ВО ОПШТЕСТВЕНОТО УРЕДУВАЊЕ. ДО ОВОЈ ЛИ ПРОСЕК ДОЈДЕ РАБОТАВА? ДО ТУКА ЛИ ДОЈДЕ РАБОТАТА БЕ БРАТ, ТА НЕЛИ FIGHT THE POWER БЕШЕ РАБОТАВА?
ЈАС, VBU СО МАТИЧЕН БРОЈ *, СИН НА ТАТКО МИ И МАЈКА МИ, СЕ ОТКАЖУВАМ ОД НЕКОГАШ УЛТИМАТИВНИОТ ЈАВАЧ НА АМЕНОТ КАКО ОД МОЈ МУЗИЧКИ ИДОЛ!

Ги молам bASS и Baby Dooks да не ми забележуваат, јас сум во шок! На Тијана и посакувам успешна кариера.