Friday, June 29, 2012

Е-ВЛАДА: Концепт, основни принципи и позиција на Република Македонија кон крајот на 2010 година


Ова е еден постар текст што го креирав минатата година, а се однесува на концептот на Е-ВЛАДА и конкретни мерења превземени од извештајот на Обединетите нации за имплементација на Е-ВЛАДА концептот ширум светот. Користените податоци се од претпоследниот извештај креиран во 2010 година. Последниот извештај од Обединетите нации е креиран во 2012 година.

Дел од текстот се превземени сегменти од друга литература и преведени, дел од сегменти во текстот се авторски врз основа на искуството.

Доколку ви е потребен изворниот формат на овој текст би можел да ви го обезбедам во DOCX или PDF формат.

1. Користена литература

• E-Government Diffusion, Policy, and Impact: Advanced Issues and Practices
Автор: Mehdi Khosrow-Pour
Издавач: Information Science Reference
ISBN 978-1-60566-130-8

• Implementing and Managing e-Government
Автор: Richard Heeks
Издавач: SAGE Publications Ltd
ISBN 0 7619 6791 5

• E-Services: Opportunities and Threats
Автори: Heiner Evanschitzky, Gopalkrishnan R. Iyer
Издавач: DUV
ISBN 978-3-8350-0801-4

• United Nations E-Government Survey 2010
ISBN: 978-92-1-123183-0

• ICT Innovations 2010: Second International Conference, ICT Innovations 2010, Ohrid Macedonia, September 12-15, 2010. Revised Selected Papers (Communications in Computer and Information Science)
Автори: Проф. Д-р Маријан Гушев,Проф. Д-р Пеце Митревски

• Национална стратегија: Стратегија за е-Влада 2010-2012
Автор: Министерство за информатичко општество

• Поимник на македонски зборови од областа на информатичката технологија – Министерство за информатичко општество
Автори: група автори

• Различни извори на информации достапни преку Интернет
o Рангирање на развој на е-Влада според Обединети Нации
www.wikipedia.org
o Европска комисија – информатичко општество
o Министерство за информатичко општество и администрација
o Официјалните страни на неколку држави за концептот е-Влада



2. Апстракт

Овој пост дава преглед на концептот е-Влада и основните елементи што го сочинуваат овој контекст.

Во документот се претставени основните критериуми и правила преку кои се прави мерење на имплементацијата на овој концепт според методологијата на Обединетите Нации објавена и користена во годишните извештаи преку кои се мери имплементацијата токму на концептот е-Влада.

Дополнително е прикажана позицијата на Македонија меѓу рангираните држави во светот преку различни концепти.

3. Резиме

Една од кратките дефиниции за концептот е-влада, што може да се прочита во литература на темата е дека подразбира користење на технологијата во јавната администрација. Но, тоа не значи дека планирањето на нејзин дизајн модел, негово креирање и негова имплементација претставува само инженерска работа. Напротив!

Деловниот модел за е-влада е комплексен модел што третира различни специфични сегменти, вклучува различни профили на човечки капацитет и третира различни перспективи.

Поттикнати, некогаш и форсирани од јавноста, претставниците со клучни функции во политичкиот живот со цел да ги подобрат услугите кон граѓаните и деловната заедница и воедно да ги намалат трошоците, прават обиди преку проектно ориентиран пристап да реализираат сегменти од конкретен дизајн модел за е-влада.

Определбата, иницијативата и личната заложба на починатиот претседател на Р. Македонија Борис Трајковски за поставување основа за информатичко општество, законската регулатива за работа со податоци во електронска форма и дигиталниот потпис во комбинација со стратегијата за развој на е-Општество ги поставија темелите на правната легислатива за развој и прилагодување на е-влада концептот во Република Македонија. Оваа базична легислатива почна да се донесува во период од  2000-дата до 2005-тата година.

По пет години донесена национална стратегија за е-Општество и креирана национална стратегија за е-Влада во 2009 година (се однесува на период од 2010 до 2012, можеби невообичаено за ваков тип на документ), Република Македонија денеска е на 52-рата позиција од 184 земји во светот во контекст на развој на е-Влада. (Резултати од извештајот на Обединетите Нации за рангирање на земјите во контекст на развој на е-влада за 2010-та година)

4. За концептот е-Влада

Една од насоките во кои се развива светот е и во насока на развој на е-услуги како логична последица на технолошкиот развој. Испораката на услугите што ги овозможува јавниот сектор доживуваат трансформација преку креативни адаптации и комбинирање на современите и актуелни технологии.

Концептот постои уште пред дефинирање на терминот е-влада и во основа се поврзува со:
- автоматизација на процеси и интерното менаџирање на информационите и специфичните експертски системи што постојат во канцеларија, како и употребата на веб-базирани решенија што ги користи клиент на конкретна канцеларија, за да дојде до конкретни информации, производ или услуга на канцеларијата.

4.1 Деловен модел (основни сегменти)

Постојат различни дефиниции за е-влада, но во основа сите оние што се обидуваат да го дефинираат овој концепт се сложуваат околу суштината што подразбира искористување на модерните технологии вклучително и интернет, за да се овозможат поефикасни услуги што ги нудат организациите од јавниот сектор кон граѓаните и деловната заедница и воедно што ќе чинат помалку.
Моделот на систем за е-Влада не е модел од кој се дефинира изолиран и независен систем. Тој претставува дистрибуиран и интегриран систем во организациите (државни институции, агенции, управи и други државни организациони единици) на јавниот сектор.

Овие организации учествуваат во обезбедувањето услуга за функционирањето на различни сегменти во општеството, а со тоа вклучуваат и други субјекти (граѓани, компании).
За да може да се разбере концептот на е-Влада во еден дел, треба да се разберат и современите информатичко-комуникациски технологии. Но тоа е само дел од сегментите што овој концепт ги интегрира. Илустрацијата што следи (превземена од книгата Implementing and Managing e-Government на Ричард Хикс  (Richard Heeks)) претставува модел на систем за е-влада од кој може да се видат сегментите и факторите што го дефинираат моделот. Професорот Ричард идентификува дваесет фактори групирани во неколку димензии до кои референцира преку акронимот ITPOSMO (информација, технологија, процеси,  цели и вредности, човечки капацитет и вештини, системи за управување и други ресурси)

  
  • Информации (Information)
    Формалните информации чувани во дигитални системи (регистри) и неформални информации користени од луѓето вклучени во системот.
  • Технологија (Technology)
    Во основа се референцира до дигитални информатички технологии. Но, овој сегмент исто така може да ги покрива технологиите за справување со информации како што се хартија или аналогни телефони.
  • Процеси (Processes)
    Се однесува на активностите што се превземаат од страна на сите инволвирани страни за кои системот е-влада функционира. Активности што подразбираат реализација на конкретна услуга за да се креира/дистрибуира конкретна информација, но и активности што покриваат пошироки деловни процеси.
  • Цели и вредности
    Еден од поважните сегменти со оглед на тоа што целите ги покриваат интересите и политиките на организацијата што го имплементира концептот и формалните стратегии на организацијата. Вредностите се поврзуваат со културата и размислувањето за тоа кој е вистинскиот начин за да се реализира и испорачаат зацртаните вредности кон засегнатите субјектите во општеството. (Кој е вистинскиот, а кој не, начин на реализирање на нештата)
  • Ангажирани човечки ресурси и вештини
    Ова го подразбира бројот на професионалци инволвирани во е-влада системот како и нивните компетенции и вештини потребни за имплементација и управување со системот за е-влада. Овој сегмент ги покрива и сите останати корисници.
  • Системи за управување и структури
    Овој сегмент ги покрива активностите поврзани со организација на операциите и користењето на системот за е-влада. Дополнително овој сегмент го покрива начинот на кој инволвираните институции/агенции и групи се структурирани.
  • Други ресурси
    Во основа, покрај политичката волја потребно е и време и пари за имплементација на систем за е-Влада.
Моделите на испорака на концептот е-Влада може да се подели на следниве основни релации:
  • Влада до граѓани (Government to Citizen (G2C))
  • Влада до деловната заедница (Government to Businesses (G2B))
  • Влада до влада (Government to Governments (G2G))
  • Влада кон вработени (Government to Employees (G2E))

4.1.1 Government to citizens (g2c)

G2C односно владата до граѓаните претставува комуникациска врска помеѓу владата и приватни лица или жители. Таквата G2C комуникација најчесто се однесува на комуникација што се одвива преку информатички и комуникациски технологии (ИКТ), но исто така може да вклучува директната комуникација преку електронска пошта (e-mail) и медиумски кампањи. G2C може да се случува на федерално, државно и на локално ниво.

4.1.2 Government to businesses (g2b)

Владата до деловната заедница (скратено G2B) претставува онлајн интеракција помеѓу локалната и централната власт од една страна и деловен сектор на другата страна.

4.1.3 GOVERNMENT TO GOVERNMENTS (G2G)

G2G односно Влада до Влада е онлајн интеракција меѓу владините организации, институции, агенции, органи и други владини организации, институции, агенции и органи.

Кај G2G системите може да се идентификуваат два вида:

  • Внатрешни – претставува приклучување до владините служби, агенции, организации и органи.
    Пример за ваква релација може да биде поврзување на ЦРРМ  со АВРМ  со цел размена на податоци за вработени.
  • Надворешни – претставува приклучување на повеќе владини информатички системи.
    Како пример за оваа релација  може да послужи шенгенскиот информативен систем  (Schengen Information System - SIS), развиен за потребите на шенгенскиот договор.

4.1.4 GOVERNMENT TO EMPLOYEES (G2E)

G2E односно владата до вработените е онлајн интеракција преку инстант алатки за комуникација помеѓу локалната самоуправа и нивните вработени. G2E е еден од четирите основни модели за испорака на е-Влада. G2E може да претставува ефикасен начин да се обезбеди е-Учење на вработените, да ги собере и да се промовира размена на знаења меѓу нив.

Исто така, дава можноста за пристап до информации во однос на политиките, обуки (можности за учење) и закони за граѓанските права. Специфични G2E услуги, вклучуваат и софтвер за евиденција и одржување на информациите за вработените.

 

4.2 Контраверзи во однос на е-влада

4.2.1 Недостатоци

Основните недостатоци што се поврзуваат со е-влада се:
  • недостатокот на еднаквост во јавен пристап до Интернет
  • сигурноста на информациите на интернет и
  • можни скриени агенди на владини групи кои пристрасно би можеле да влијаат на јавното мислење

4.2.2 Предности

Крајната цел на концептот е-Влада е да се зголеми портфолиото на јавни услуги кон граѓаните на едно општество на ефикасен и економичен начин. Како дополнителни предности што овој концепт ги носи со себе се:
  • Овозможува транспарентност на власта
  • Едноставни задачи и услуги може многу полесно да се извршат преку конкретна имплементација во некои од сегментите на е-Влада
  • Олеснето е учеството на граѓаните во различни политички кампањи
  • Олеснување на услугите од институциите и агенциите од кој е зависна деловната заедница
  • Делењето информации е далеку поефикасно и поевтино (штеди време, енергија и пари)

4.3 Основни принципи при дизајнирање нов е-влада систем

Добриот пристап за успешен дизајн и имплементација на систем за е-Влада подразбира хибриден пристап во кој се третирани тврдите (hard) и меките (soft) елементи. (Ова ги вклучува сите ITPOSMO димензии претходно споменати во заглавие 4.1 Деловен модел) Во дизајнот на нов е-Влада систем препорачливо е покривање на следниве димензии:
  • Цели
  • Информации
  • Технологија
  • Процеси
  • Човечки системи (капацитет, вештини и управување)
И покрај тоа што за секоја од овие димензии ќе бидат посочени клучните принципи, процесот на дизајнирање модел за нов е-Влада систем не ги третира секоја од димензиите поединечно и во секвенца. Тој процес подразбира третирање на сите димензии едновремено/паралелно бидејќи спецификите во секоја од димензиите имаат влијание на останатите. Важен сегмент во процесот на дизајнирање на модел за е-Влада систем е симулирање на сценарија и нивно документирање преку дијаграми. Оваа карактеристика важи за било кој комплексен систем и е особено третиран во доменот на софтверското инженерство. Во овој контекст згодно е да се референцира до една од популарните рамки што овозможува формален и структуриран начин на дефинирање и преглед на комплексни системи. Станува збор за Захман рамката (Zachman Framework).


Следниве подзаглавија ги претставуваат важните димензиите, претходно идентификувани во ова заглавие, кои заглавија содржат некои од основните принципи при дефинирање на моделот за е-Влада систем.

4.3.1 Дефинирање цели

Дизајнирањето и развојот на систем за е-Влада бара дефинирање на рамка. Тоа најчесто се прави преку идентификување и дефинирање на цели. Целите вообичаено кореспондираат со идентификувани придобивки од дефинираниот нов систем за е-Влада. При дефинирањето на целите има различни влијанија од организациите што учествуваат во дефинирањето на системот, преку кои може да се пренесат генералните политики и тогаш тоа би требало да се прави на формален начин многу повеќе според техничките потреби наспроти реалноста и вистинските барања на клиентот односно на идниот корисник на услугите од дизајнираниот систем. Затоа и во пристапот на дефинирање цели треба да се користи хибриден модел во пристапот на нивното дефинирање што подразбира комбинирање на двата начина, дизајн и реалност. Откако ќе бидат дефинирани целите, доколку ги има многу, потребно е тие да се приоретизираат и според таквата нивна организација да се планира развојот на системот. И покрај тоа што дефиницијата на целите ја прават рамката за новиот дизајн модел на е-Влада систем, а таа вообичаено претставува груба дефиниција, целите треба да бидат добро дефинирани и специфични и мерливи. Ова ќе помогне во секој момент од процесот на реализација да може да се процени дали конкретните цели се достигнати. Дефинирањето на целите треба да биде направено внимателно со тенденција тие да бидат едноставни и флексибилни, за да може да бидат остварливи.

4.3.2 Дизајн на информации

Би било погрешно да се претпостави дека било која информација што ја обезбедува некој информатички систем може да биде корисна и да кореспондира со барањата за дизајн моделот на систем за е-Влада. Процесот на правење дизајн модел на информации што ќе ги складира, обработува и дистрибуира системот, треба да биде внимателно правен преку дефинирање на специфични барања што би можело да се групираат во идентификуваните сегменти што следат, а со цел да се дојде до вистинскиот дизајн на информации што ќе кореспондира со целите на системот за е-Влада:
  • Излезни информации
    Една од најважните групи информации, затоа што тие ја испорачуваат деловната (business) вредност на системот. Тоа се информациите што се наменети за крајните корисници.
  • Влезни податоци
    Овој сегмент се однесува на податоците што треба да се внесуваат во системот. Излезните информации зависат од оваа група податоци.
  • Обработка на информации
    Овој сегмент се однесува на обработката на влезните податоци за да се добијат излезни информации.
  • Складирање информации
    Овој сегмент треба да ги третира прашањата поврзани со зачувување информации.

Постојат повеќе различни техники на прибирање вистински податоци, со цел да се одговори на прашања поврзани со тоа кои се влезните податоци, а кои излезните информации, како тие ќе се обработуваат и каде и како ќе се складираат Некои од вообичаените техники се:
  • преку структурирани интервјуа на претставници од корисниците, партиципанти во владиниот систем
  • создавање на прототипови што ќе бидат достапни до претставници на корисниците за да се согледа што корисниците на системот сакаат
  • преку јавно достапни сервиси што ќе овозможат евиденција на реакциите и коментарите од јавноста
  • потребните информации може да бидат идентификувани и преку набљудувачки активности, групни интервјуа или бреинсторминг сесии во кои би се разгледувале различни перспективи за тоа што е потребно како излезна информација од системот

4.3.3 Технолошки дизајн

Овој сегмент од процесот на креирање дизајн модел за систем за е-Влада, вклучува исклучително креативно изразување за изнаоѓање начин преку кој со помош на технологија ќе бидат задоволени целите и барањата на системот. Во контекст на технолошкиот дизајн фокус на интерес се два сегмента:
  • Софтверски дизајн
  • Хардверски дизајн

4.3.3.1 Софтверски дизајн

Дизајнирањето на IT компонентата за систем за е-Влада обично подразбира примарен фокус на дизајнот на софтверската компонента, од едноставна причина што токму таа ја завршува работата, односно преку нејзе се овозможуваат услугите и функционалностите што системот ги овозможува. Доколку најпрвин се дизајнира хардверската компонента тогаш постои ризик дека потребниот софтвер нема да може да се изврши на претходно дизајнираниот хардвер или во најмала рака тој ќе треба да биде променет. Апликациите во основа може да бидат најразлично категоризирани, но во основа во контекстот на реализација на нов систем, вклучително и систем за е-Влада, може да бидат организирани во следниве три контексти.
  • подобрено манипулирање со податоци
  • подобрување на процесите за носење одлуки
  • подобрување на интеракција

4.3.3.2 ХАРДВЕРСКИ ДИЗАЈН

Постојат три основни сегменти што во процесот на дизајн на хардверската компонента треба да се направат:
  • Компјутерски капацитет
  • Специјални хардверски уреди
  • Архитектура на информатичките системи
  • Хардверскиот дизајн и одлуките поврзани со него обично зависи од следниве неколку фактори:
  • Финансиите што се на располагање
  • Постојниот хардвер во организацијата
  • Постојните договори
  • Карактеристики на локалниот снабдувач
Покрај набројаните зависности при избор на хардверската компонента, како ограничувачки фактор може да се појави и софтверот што треба да го хостира, софтвер што ќе биде платформа за специфично развиените сервиси. При дизајн на хардверската компонента потребно е да се постават неколку прашања чии одговори ќе ја креираат рамката на дизајнот за хардверската компонента. Често одговорите на овие прашања може да се дефинирани во барањата за системот. Следнава листа ги дефинира круцијалните прашања:
  • Со колкав обем на податоци во просек системот ќе треба да манипулира и да ги складира и кој е можниот максимум?
  • Колку корисници ќе го користат системот во исто време?
  • Каде ќе бидат тие корисници?
  • Колку брзо ќе треба корисниците да добиваат одговор од системот?
  • Која е фреквенцијата на ажурирање на податоците во системот?
  • Колку сигурен, надежен и безбеден треба да биде системот?
  • Кои услуги за бекап и обновување системот треба да ги обезбеди?

4.3.4 Дизајн на процеси

И во дизајнот на процесите што ги има организација потребно е спроведување на хибриден модел. Како два екстрема што се идентификуваат во овој сегмент се:

  • Преголема доминација и фокус на технолошкиот аспект во процесот на дизајнирање деловни процеси, за што многу е-Влада проекти се критикувани и од друга страна
  • Радикална реорганизација на постојните процеси во една организација што носи огромни ризици по функционирање на организацијата
Хибридниот пристап кон дизајн на процесите подразбира многу повеќе еволутивен однос кон деловните процеси, односно нивно менување преку инкрементален пристап, пропратен со соодветни технички одлуки што ќе ги следат деловните процеси. Може да се идентификуваат две основни групи на задачи преку кои би било препорачливо планирање и дизајнирање деловни процеси во дизајн моделот на е-Влада:

  • Задачи за основен информатички системВо рамките на овие задачи треба да се планираат активности поврзани со: импортирање податоци во дизајнираниот систем, претворање на влезните податоци во излезни информации, складирање и пристап до податоците, одбирање и одвојување излезни информации од системот
  • Задачи за проширен системЕдна група задачи значат исползување на воспоставениот систем, односно информациите што може да се добијат од него за носење одлуки во конкретни процеси за понатаму да се овозможат излезни информации преку различни услуги. (Види Илустрација 3) Во оваа група задачи спаѓаат и оние што значат реорганизација/реинженеринг на процеси кај кои ќе се идентификуваат слабости и проблеми.

4.3.5 Дизајн на човечки системи

Овој дизајнерски сегмент дава одговор на прашањето: - Како нешто ќе се направи и кој ќе го прави? Ова вклучува размислување за алтернативна организација на она што треба да се работи и организациската структура што треба да кореспондира со новиот систем. Дизајнирањето на организационата структура зависи и е различна од ситуација до ситуација, сепак може да се идентификуваат неколку вообичаени точки за различни сценарија/ситуации. Работата започнува со ревидирање на што е тоа што е идентификувано дека треба да се сработи и како.
  • Идентификување на одговорности што се неопходни за успешно да се операционализира и да профункционира новиот систем поставен на технологија и нов процесен дизајн
  • Креирање структура на вештини и знаења потребни за да се реализираат сите цели (Дали ќе може да се направат соодветни обуки на внатрешниот кадар или ќе треба да се носи надворешен кадар)
  • Околу дизајнирањето на организационата структура треба да се внимава на тоа таа да не биде резултат само на барањата за новиот систем туку да биде соодветна и спремна за функционирање во новиот систем
  • Индивидуална мотивација
  • Контекстуални фактори
    • Филозофија/Култура
    • Договори и легислатива
    • Тензија помеѓу акционерите (засегнатите страни)

4.4 Споредба помеѓу развиени и земји во развој

Клучните разлики во контекст на е-Влада концептот помеѓу развиените и земјите во развој може да се организираат во следниве сегменти:
  • Историја и култура
  • Технички персонал
  • Инфраструктура
  • Граѓани и
  • Владини службеници
Основните разлики помеѓу развиените земји и земјите во развој се дефинирани во табелата што следи (E-Government Diffusion, Policy, and Impact: Advanced Issues and Practices - Mehdi Khosrow-Pour)

Развиени земји
Земји во развој
Историја и култура
  • Рано развиена влада и економија, веднаш по независноста
  • Константен пораст на економијата, зголемување на продуктивноста, висок животен стандард
  • Релативно долга историја на демократијата и транспарентна владина политика и власт
  • Обично не посебно дефинирани влади и продуктивноста на економијата не расте
  • Не константен пораст на економската продуктивност, низок животен стандард
  • Релативно мала историја на демократијата и не спроведување на транспарентност во владеењето и политиката
Технички персонал
  • Имаа кадар што може да ги зголемат техничките способности и да вработува млади професионалци
  • Има способност да аутсорсува(outsource) и поседува финансиски ресурси за да нарачува услуги. Постои и кадар што ќе ги дефинира барањата за развој
  • Нема стручен кадар, или го има многу малку
  • Не постои способност за локален аутсорсинг, има слаби финансиски ресурси за аутсорсинг, а не постои ни квалитетен кадар што ќе може да дефинира сецифични барања за развој
Инфраструктура
  • Супериорна инфраструктура
  • Квалитетен пристап до интернет на вработените и граѓаните
  • Инфериорна инфраструктура
  • Слаб пристап до интернет од вработените и граѓаните
Граѓани
  • Висок степен на пристап до интернет и компјутерска писменост, но сеуште има дигитални јазли и отворени прашања за приватноста
  • Релативно повеќе искуство во демократски систем и поактивно учество во владините процесот на креирање политики
  • Низок степен на пристап и користење на интернет. Граѓаните не веруваат на онлајн услугите. Мал степен граѓани знаат да ги користат компјутерите
  • Релативно помалку искусни во демократските процеси и послабо активно учество во креирањето на владините политики
Владини службеници
  • Пристојна компјутерска писменост и алоцирани ресурси (посветени ресурси). Многу од нив не ја приоретизираат Електронската Влада
  • Ниските компјутерска писменост и посветеност на ресурсите. Многу од нив не ја приоретизираат електронската влада поради недостаток на знаење за ова прашање

Последниот извештај на обединети нации за развојот и оценувањето на имплементација на е-Влада концептот, ги потврдува и докажува како релевантни основните разлики (Види Табела 1) на развиените земји и земјите во развој во контекст на развој и имплементација на е-Влада концептот. Може да се забележи дека првите десет најразвиени земји во контекст на развој на е-Влада, всушност воедно спаѓаат и во групата развиени земји. Табелата што следи е извадок мерење на Обединетите Нации, реализирано кон крајот на 2010 година за развојот на е-Влада во 184 земји.

Во табелата колоната е-Влада 2010 го содржи индексот за развој на е-Влада во земјата (ранг од 0 до 1)

5 Имплементација на концептот е –влада во република македонија

Официјалната политиката на Република Македонија покажува јасна волја за развој на модел за е-Влада и негова имплементација, преку формирање на Министерството за Информатичко Општество (подоцна именувано како Министерство за Информатичко Општество и Администрација и со проширени обврски и ангажмани). Една од основните цели на ова министерство е дефинирањето и креирање на основна електронска инфраструктура преку која ќе може да се складираат податоци и информации што понатаму ќе може да се дистрибуираат помеѓу владините тела (министерства, агенции, владини организации) Од веб сајтот на министерството може да се преземат националните стратегии за развој на е-Општество (http://www.mioa.gov.mk/?q=node/215) како и соодветната законска регулатива што го третира доменот на е-Општество и е-Влада. (http://www.mioa.gov.mk/?q=node/217)



Преку низата дефинирани и креирани стратегии и законски регулативи уште од 2000-дата година (со донесување Закон за податоци во електронски облик и електронски потпис), правени се напори за воспоставување на основи за градење е-Влада. Во 2005 година е донесена националната стратегија за развој на информатичко општество, а како една од програмските цели за 2009-та година беше развивање на стратегија за е-Влада со идеја таа да обезбеди стратешки пристап во искористувањето на информатичко – комуникациските технологии за поефикасно работење на државната администрација. (Национална стратегија за е-Влада 2010 - 2012)

5.1 Светско рангирање и позиција на Република Македонија

Статистичките податоци и компаративните анализи што ги содржи ова заглавие се од анкета на Обединетите нации завршена во Декември 2009-та година и објавена во почетокот на 2010 години. Во воведот на извештајот од 2010 година се вели дека: - „Од последните издание на истражувањето, во 2008 година, владите направија големи чекори во развојот на интернет услуги, особено во земјите со среден приход. Трошоците поврзани со телекомуникациската инфраструктура и човечкиот капитал продолжи да го попречуваат развојот на е- Влада имплементацијата. Сепак, ефективните стратегии и правни рамки може значително да надоместат, дури и во најмалку развиените земји.”

Во контекст на претходниот пасус Република Македонија има пораст на EGDI (ранг од 0 до 1) од 0.4866 (2008 година) на 0.5261 (2010 година).

Заглавието што следи ги содржи основните правила и сегменти што претходно споменатиот извештај ги третира во процесот на рангирање на земјите.

5.1.1 Е-влада анкета на обединети нации - методологија на анкетата

Индекс за развој на е-влада од обединети нации (EGDI) е сеопфатна оценка на подготвеноста и капацитетот на националните администрации да ги користат интернет и мобилната технологија во извршувањето на државните функции. EGDI се заснова на сеопфатна анкета на онлајн присуството на сите 192 земји-членки.

Резултатите се претставени во табеларен приказ и во комбинација со множество индикатори го претставуваат капацитетот на земјата да учествува во информатичкото општество, без кои напорите за развој на е-влада се значително лимитирани. EGDI не е дизајниран да го фати развојот на е-Влада во апсолутна смисла. Многу повеќе е мерење и споредување меѓу државите. Можните вредности се движат во ранг на децимални броеви (до четврта децимала) од максимална вредност еден (1) до минимална вредност нула (0). Математички, EGDI вклучува нормализиран просек на три клучни димензии на е-Влада:
    1. Опсег и квалитет на онлајн услуги
    2. Телекомуникациски поврзувања и
    3. Човечки капацитет
Секоја од овие клучни димензии има сопствен индекс што се мери и пресметува независно:

EGDI = (0.34 x индекс за онлајн сервиси) + (0.33 x индекс за телекомуникации) + (0.33 x индекс за човечки капацитет)

5.1.1.1 Е-сервиси

Во рамките на креирањето на индексот за онлајн услуги за секоја земја прегледувани се и оценувани националните сајтови на секоја земја како што се веб сајтовите на министерствата за образование, труд, социјални услуги, здравство и за финансии. Меѓу другото, националните сајтови беа тестирани за минимално ниво на пристапност на интернет содржините како што е опишано во упатството за пристапност на веб содржини на World Wide Web конзорциумот. Анкетата содржи четири секции што кореспондираат со четирите фази на развој на е-Влада.
    1. Првата вклучува прашања со атрибути поврзани со иницијалната фаза на развој што се во контекст на тоа дека се работи за ново онлајн присуство
    2. Втората секција се однесува на подобрено присуство
    3. Третата се однесува на присуство на трансакции
    4. Четвртата има фокус на поврзување и интероперабилност
Вредноста за дадена земја е еднаква на вкупниот број на поени постигнати од земјата помалку од најниската оценка за секоја земја поделена од страна на опсег на вредности за сите земји во истражувањето. На пример, ако земјата "Х" освои 233 поени, со најниска оценка на било која земја еднаква на 20 и највисоката еднаква на 403, тогаш индексот за онлајн услуги на за земјата "Х" ќе биде:

Индекс за онлајн услуга (земја „x”) = (233-20)/(403-20) = 0.5561

Постојат 20 е-Влада онлајн услуги што се земени во предвид за направените мерења во анкетата. Следните две табели ги набројуваат. Постојат 12 услуги за граѓаните и 8 за правните субјекти.

1
Персонален данок на доход
2
Барање работа
3
Користи од социјално осигурување
4
Лични документи
5
Регистрација на возило
6
Градежни дозволи
7
Пријави во полиција
8
Јавни библиотеки
9
Сертификати
10
Пријавување за високо образование
11
Објавување на промена на место на живеење
12
Здравствени услуги

1
Социјални придонеси
2
Корпоративен данок
3
ДДВ
4
Регистрација на нова компанија
5
Поднесување податоци во завод за статистика
6
Декларации за царини
7
Дозволи поврзани со животната средина
8
Јавни набавки

5.1.1.2 Телекомуникациска инфраструктура

Индексот за телекомуникациска инфраструктура е составен е од пет индикатори:
    1. број на лични компјутери (100 лица)
    2. бројот на интернет корисници (100 лица)
    3. бројот на телефонските линии (100 лица)
    4. бројот на претплати за мобилни уреди (100 лица) и
    5. бројот на фиксни бродбенд претплатници (100 лица)
Секој од овие индикатори се нормализира со преземање на неговата вредност за одредена земја, одземање најниска вредност за било која друга земја во истражувањето и делење со опсег на вредности за сите земји. На пример, ако земјата "X" би требала да има 36,69 интернет корисници за 100 жители, со најниската вредност на која било земја еднаква на 0 и највисока еднаква на 88,87, се нормализира на начин со дадената формула:

Индекс за интернет пенетрација (земја „x”) = (36.69-0)/(88.87-0) = 0.4129

Индексот за телекомуникациска инфраструктура за земјата "X" е едноставна аритметичка средина на секоја од петте нормализирани показатели.

Индекс за телекомуникациска инфраструктура = Средна вредност (индекс за лични компјутери + индекс за интернет корисници + индекс за телефонските линии + индекс за претплати за мобилни уреди + индекс за фиксни бродбенд претплатници)

5.1.1.3 Човечки капацитет

Индексот за човечкиот капитал е составен од два индикатора:
    1. Стапка на писменост на возрасни
    2. Комбинираниот сооднос на примарен, секундарен и терцијарен бруто упис
Двата индикатори се нормализираат со преземање на нивните вредности за одредена земја, одземање најниска вредност за било која друга земја во истражувањето и делење со опсег на вредности за сите земји. На пример, ако земјата "X" би требало да има стапката на писменост кај возрасни 66,8 на 100 жители, со најниска вредност на било која друга земја еднаква со 28,7 и највисока еднаква на 99,5, нормализираната вредноста на овој показател за земјата "Х" ќе биде дадена со:

Индекс за писменост на возрасни (земја „x”) = (66.8-28.7)/(99.5-28.7) = 0.5381

Индексот за човечкиот капитал е пресметан преку следнава формула:

Индекс за човечки капитал = 2/3 x индекс за писменост на возрасни + 1/3 x индекс за бруто упис

5.1.1.4 Е-учество

Прашањата поврзани со е-Учество ја прошируваат анкетата нагласувајќи го квалитетот на четвртата фаза од развиј на е-влада (присуство на поврзаност).

Овие прашања се фокусираат на употребата на интернет за да се олесни обезбедувањето на информации од страна на владите кон граѓаните („е-Споделување информации”), интеракцијата со заинтересираните страни („е-Консултации”) и ангажираност во процесите на одлучување („е-Донесување одлуки”).

Пресметувањето на индексот за е-Учество подразбира нормализација на преземените вредности за одбрани критериуми, одземање на најниска вредност за секој земја во истражувањето и делење со спектар на вредности за сите земји. На пример, ако Земја „X” треба да има 30 поени за е-Учество, со најниската вредност на било која земја еднакво на 0 и највисока еднаква на 45, се нормализира, па вредноста за земјата "Х" ќе биде дадена со следната равенка:

Индекс за е-Учество (земја „x”) = (30-0)/(45-0) = 0.6667

5.1.2 Индексите за Република Македонија во 2010 година

Во следните подзаглавија дадени се показателите за следниве мерни контексти:
  • Светско рангирање на Република Македонија по индекс на развој на е-Влада (EGDI) (види заглавие 5.1.2.1)
  • Разложен EGDI на индексите за елементарните димензии на е-Влада (види заглавие 5.1.2.2)
  • Позиција на Република Македонија во однос на земјите од западен Балкан (види заглавие 5.1.2.3)
  • Индекс за онлајн услуги и рангирање на Република Македонија на светско ниво (види заглавие 5.1.2.4)
  • Разложување индекс за онлајн услуги и поени за неговите компоненти (види заглавие 5.1.2.5)
  • Разложување на индексот за телекомуникациска инфраструктура (види заглавие 5.1.2.6)
  • Разложување на индекс за човечки капитал (види заглавие 5.1.2.7)

5.1.2.1 Светско рангирање на Република Македонија по индекс на развој на е-влада (egdi)

Табелата што следи дава приказ на индексот за развој на е-Влада на Република Македонија за 2010-та и 2008-ма година, како и друштвото земји од светот помеѓу која таа се наоѓа за споменатиот контекст.

СВЕТСКО РАНГИРАЊЕ ВО КОНТЕКСТ НА РАЗВОЈ НА Е-ВЛАДА
Земја
EGDI
Рангирање

2010
2008
2010
2008
Kazakhstan
0,5578
0,4743
46
81
Romania
0,5479
0,5383
47
51
Argentina
0,5467
0,5844
48
39
United Arab Emirates
0,5349
0,6301
49
32
Kuwait
0,5290
0,5202
50
57
Jordan
0,5278
0,5480
51
50
Macedonia
0,5261
0,4866
52
73
Mongolia
0,5243
0,4735
53
82
Ukraine
0,5181
0,5728
54
41
Antigua and Barbuda
0,5154
0,4485
55
96
Mexico
0,5150
0,5893
56
37
Andorra
0,5148
0,5175
57
58
Saudi Arabia
0,5142
0,4935
58
70
Светски просек
0,4406
0,4514






5.1.2.2 Разложен egdi на индексите за елементарните димензии на е-влада

Следната табела дава приказ на индексите за основните димензии за е-Влада на Република Македонија и земјите блиску до нејзиното рангирање според EGDI.


EGDI РАЗЛОЖЕН НА ИНДЕКСИТЕ ЗА ЕЛЕМЕНТАРНИТЕ ДИМЕНЗИИ
Ранг
Земја
Индекс
Онлајн услуги
Тел. инфраструктура
Човечки капитал
45
Poland
0,5582
0,1317
0,1113
0,3152
46
Kazakhstan
0,5578
0,1792
0,0593
0,3194
47
Romania
0,5479
0,1414
0,1021
0,3045
48
Argentina
0,5467
0,1403
0,0928
0,3136
49
United Arab Emirates
0,5349
0,0853
0,1793
0,2703
50
Kuwait
0,529
0,1565
0,0833
0,2892
51
Jordan
0,5278
0,1813
0,0596
0,2869
52
Macedonia
0,5261
0,109
0,1255
0,2916
53
Mongolia
0,5243
0,1889
0,0342
0,3012
54
Ukraine
0,5181
0,1177
0,0821
0,3184
55
Antigua and Barbuda
0,5154
0,041
0,173
0,3014
56
Mexico
0,515
0,15
0,0713
0,2936
57
Andorra
0,5148
0,0788
0,1457
0,2903
58
Saudi Arabia
0,5142
0,1058
0,133
0,2754

Светски просек
0,4406






5.1.2.3 Позиција во однос на земјите од југо-западен Балкан

Табелата што следи дава приказ на индексот за развој на е-Влада на Република Македонија за 2010-та и 2008-ма година, како и друштвото земји од регионот помеѓу која таа се наоѓа за споменатиот контекст.


РЕГИОНАЛНО РАНГИРАЊЕ ВО КОНТЕКСТ НА РАЗВОЈ НА Е-ВЛАДА
Земја
EGDI
Рангирање

2010
2008
2010
2008
Slovenia
0,6243
0,6681
29
26
Croatia
0,5858
0,565
35
47
Greece
0,5708
0,5718
41
44
Bulgaria
0,559
0,5719
44
43
Macedonia
0,5261
0,4866
52
73
Montenegro
0,5101
0,4282
60
100
Bosnia and Herzegovina
0,4698
0,4509
74
94
Serbia
0,4585
0,4828
81
77
Albania
0,4519
0,467
85
86
Светски просек
0,4406
0,4514






5.1.2.4 Индекс за онлајн услуги и рангирање на република македонија на светско ниво

Следната табела дава приказ на индексот за онлајн услуги на Република Македонија и земјите во чие друштво таа се наоѓа за дадениот контекст.


СВЕТСКО РАНГИРАЊЕ ПО ИНДЕКС ЗА ОНЛАЈН УСЛУГИ
Ранг
Земја
Индекс
62
Ukraine
0,346
65
Angola
0,3397
65
Trinidad and Tobago
0,3397
67
Thailand
0,3333
68
Russian Federation
0,3302
69
Côte d’Ivoire
0,3238
69
Azerbaijan
0,3238
71
Macedonia
0,3206
72
Ecuador
0,3175
72
Kyrgyzstan
0,3175
74
Montenegro
0,3143
75
Saudi Arabia
0,3111
75
Albania
0,3111
77
South Africa
0,3079

5.1.2.5 Разложување индекс за онлајн услуги и поени за неговите компоненти

Следната табела дава приказ на индексот за онлајн услуги и компонентите од кои тој е составен, за Република Македонија и земјите во чие друштво таа се наоѓа за дадениот контекст.


ИНДЕКС ЗА ОНЛАЈН УСЛУГИ И НЕГОВИТЕ КОМПОНЕНТИ
Ранг
Земја
Индекс
Поени за нови информации и услуги
Поени за подобрени информатички услуги
Поени за трансакциски услуги
Поени за пристап на поврзување
65
Angola
0.3397
52
38
9
8
65
Trinidad and Tobago
0.3397
50
39
12
6
67
Thailand
0.3333
50
31
15
9
68
Russian Federation
0.3302
49
28
15
12
69
Côte d’Ivoire
0.3238
42
31
22
7
69
Azerbaijan
0.3238
47
36
10
9
71
Macedonia
0.3206
38
41
10
12
72
Ecuador
0.3175
53
27
9
11
72
Kyrgyzstan
0.3175
28
26
33
13
74
Montenegro
0.3143
45
40
6
8
75
Saudi Arabia
0.3111
46
25
22
5
75
Albania
0.3111
44
33
10
11
77
South Africa
0.3079
34
34
27
2
77
Guatemala
0.3079
48
26
12
11

5.1.2.6 Разложување на индексот за телекомуникациска инфраструктура

Следната табела дава приказ на индексот за телекомуникациска инфраструктура и компонентите од кои тој е составен, за Република Македонија и земјите во чие друштво таа се наоѓа за дадениот контекст.


ИНДЕКС ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА ИНФРАСТРУКТУРА И НЕГОВИ КОМПОНЕНТИ
Ранг
Земја
Индекс
бројот на интернет корисници
бројот на телефонски линии
бројот на претплати за мобилни уреди
број на лични компјутери
42
 Slovakia 
0,4212
51,32
20,33
102,23
51,46
11,46
43
 Portugal 
0,4189
41,69
38,6
139,64
17,19
15,85
44
 Saudi Arabia 
0,4031
30,55
16,27
142,85
68,25
14,16
45
 Greece 
0,3829
32,6
53,65
123,9
9,43
13,53
46
 Macedonia 
0,3804
42,9
22,39
122,56
36,76
8,77
47
 Latvia 
0,3762
55,2
28,39
97,72
32,81
6,44
48
 Saint Vincent and the Grenadines 
0,3685
60,49
20,87
119,23
15,18
8,58
49
 Dominica 
0,3566
39,4
26,03
132,76
19,23
9,7
50
 Saint Lucia 
0,351
58,68
24,02
99,53
15,89
8,22

5.1.2.7 Разложување на индекс за човечки капитал

Следната табела дава приказ на индексот за човечки капитал и компонентите од кои тој е составен, за Република Македонија и земјите во чие друштво таа се наоѓа за дадениот контекст.


ИНДЕКС ЗА КОВЕЧКИ КАПИТАЛ И НЕГОВИ КОМПОНЕНТИ
Ранг
Земја
Индекс
Стапка на писменост на возрасни (%)
Комбинираниот сооднос на примарен, секундарен и терцијарен бруто упис (%)
80
 Malta 
0,887
92,4
81,31
81
 Bahamas 
0,887
95,8
74,49
82
 Albania 
0,886
99
67,8
83
 Brazil 
0,8837
90
85,11
84
 Macedonia 
0,8835
97
71,05
85
 Costa Rica 
0,8826
95,9
72,98
86
 Colombia 
0,8813
92,7
78,99
87
 Andorra 
0,8797
99
65,92
88
 Kuwait 
0,8764
94,5
73,92

No comments: